Нашата Јана Бурческа и мега популарен грчки диџеј на отворањето на „Ilusion“ во Штип

Летната сезона во Македонија подразбира и отворање на нови клубови, кафе барови и ресторани, а воедно тоа се случува денеска (5-ти јули) во Штип, каде ќе се отвори долго очекуваниот и веке со месеци најавуваниот кафе бар „Ilusion“.

Кафе бар „Ilusion“ се наоѓа во строгиот центар на Штип и се простира на две нивоа со летна тераса, а ќе има задача да ги помести граници во ентериерско уредување, задача да ги врати младите на подиум и да ги донесе најпопуларните артисти од земјава и регионот.

Од менаџментот за Репортер велат дека ќе приоритет ќе им бидат домашни фаци, но и регионални, а ќе се организираат и техно фестивали, тематски забави, афтер ворк, лејдис најт, латино и коктел забави.

Она што е важно да се напомене е дека за атмосферата на свеченото отворање ќе се погрижи македонски артист, Јана Бурческа – нашата претставничка на Евровизија заедно со својот бенд.

Scroll to Top