„Настапот пред Стинг е како фудбалот Македонија -Англија“, Влатко возбуден пред концертот на стадион

Легендарниот гитарист Влатко Стефановски ќе се појави како специјален гостин на концертот на Стинг кој ќе се одржи на 2 јуни на стадионот „Филип Втори“ во Скопје. Влатко вели дека отсекогаш ја следел музиката на Стинг и го смета за голем музичар кој заслужува секаква почит.

„Скопје после толку години порасна во многу сегменти. Бев фан на групата „Полис“, каде што свиреше Стинг. Значи постојано го следам. Полека се приближуваме еден кон друг. Се надевам дека ќе се запознаеме , барем на пет минути, и секако имам што да му кажам за музиката“, рече Влатко на денешниот прес и најави дека ќе свири во нова формација, заедно  со синот Јан и Иван Кукиќ кој свири на бас.

На прашањето како се подготвува за концертот на Стинг, Влатко вели дека веќе ги одбира песни, ќе има и стари и нови.

„Голема е возбудата, да бидам искрен, но ете човек мора да прифаќа предизвици. Особено и настапот на Градски, Стинг и моето име е како фудбалскиот напревар помеѓу Англија и Македонија,кој се играше пред неколку години кај нас. Се сеќавате, прво, водевме, па во второ полувреме изгубивме. Ама во Англија беше нерешено.  Да бидам искрен, Стинг vs Влатко се надевам ќе извлечам нерешен резултат“, рече Влатко.

Scroll to Top