Познатиот музчики хит на сестрите Маријана и Росана, песната ,,Признавам“, која ја отпеаа на ,,Макфест” во 1988 година, деновиве е повторно актуелена. Но, како обработка и навивачка химна на ракометниот шампион Вардар. Обработката ја направија екипа Асови и композиторот Александар Митевски, а е насловена ,,Вардаре не те оставаме”.
Песната деновиве , во нова верзија, постјано се вртеше во етерот, ососбно на пречекот на ракометарите на Вардар на плоштадот Македонија.
На Фесјбук страницата на фестивалот се објави реакција, во која се тврди дека со обработката се направила вулгаризација и уништување на безвременскиот хит.
„Не e прв пат хитови од Фестивалот на забавни мелодии ,,Макфест“, со или без согласност да се користат во маркетиншки цели. Последново такво нешто е божемната химна на ,,Вардар“. Всушност тоа е песната со наслов ,,Признавам“ на авторот Тоде Новачевски, а 1988 година на сцената на Макфест ја отпеаја сестрите Маријана и Росана. Овој евергрин имаше повеќе преработки во зависност од мотивацијата на тие што сакале да го имаат овој безвременски хит, на своите аудио и видео записи. Сетоа тоа било во рамки на пристојноста. Но, ова е божемната химна на Вардар, е проста вулгаризација и уништување на овој безвременски, макфестовски хит. Песната од лирична-љубовна, е зорле направена да биде божем химнична. Се отишло премногу во невкус, безгранично во уништување на песната – наведено е во реакцијата.
„ Уште вчера ја видов реакцијата на ,,Макфест”. Можам да кажам дека се е регуларно. Навивачите страствени на Вардар дојдоа и ме прашаа за дозвола, а знам дека го прашале и композиторот Тоде Новачевски, и од него добиле дозвола. ,,Признавам” е евергрин за сите времиња и за сите генерации, па се прашувам што има лошо ако сакале да ја направат химна на нашите најдобри ракометари. Таа и како химна на Вардар ќе биде препознатлива и одлична, и пак за сите генерации. Нас ни е чест што песната ,,Признавам” ја препеале нашите навивачи. И композиторот Александар Митевски направи се што можеше во позитивен контекст и апсолутно помогна, знаејќи дека е добиена дозвола од мене, од Маријана и Тоде – изјавила Росана за Фокус.
,,Макфест” е најголемиот фестивал на забавни мелодии кој се одржува во Штип со децении наназад и од каде уште во времето на поранешна Југославија излегоа многу ѕвезди.