„Не ја допивме пијачката“, Џамбазов се прости од Зеко

Вчера во Скопје по кусо боледување, на 56 години почина Горан Атанасов – Зеко. Од музичарот се простија многу музичари, јавни личности и пријатели, а меѓу нив и неговиот долгогодишен пријател Игор Џамбазов.

„Газда Зеко…не е фер. Од кога фајронтот волку рано? Пијачките недопиени, приказните недораскажани, жените недоозборувани… Брате Зеко… не е фер. Не беше ваков договорот. Нели требаше да снимаме нова песна? Нели ти ќе ја пееше, оти Пиже и јас сме биле дунстери? „Пријатељу“ Зеко… нè остави и без зборови и без солзи… И да знаеш, ти беше еден од ретките кој имаше и во главата, и во душата, и во срцето, а и меѓу нозете. Ние само се трудевме да те имитираме.

Биди добар таму горе и чувај место на твојата маса. Наскоро се гледаме.

Вечно твои браќа, Пиже и Игор…“, напиша Игор на „Фејсбук“.

Зеко ќе остане запаметен по големите хитови „Шток ми бејби“, „Дај ми, жити сè“, „Нема спас“ и други кои ги изведуваше со „Хавана бенд“, Игор Џамбазов и Сашо Пижевски.

 

Scroll to Top