„Не може секој на иста маса со претседателот“, рекоа „Некст тајм“ по приемот кај Иванов

Групата „Некст тајм“ по преработката на старата македонска песна „Нешто ќе те питам бабо“, беа на прием кај претседателот Ѓорге Иванов. Тие не кажаа зошто се поканети таму, но споделија воодушевување од приемот. „Огромна чест е што денеска имавме можност да бидеме гости кај претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, и да зборуваме на многу теми. Свесни дека не секој и секогаш има можност да седне на иста маса со него, така што веруваме дека овој момент ќе остане вечно во нашите сеќавања“, напишаа тие на нивната фејсбук-страница.

На промоцијата на песната „Нешто ќе те питам бабо“, беше собрано цело ВМРО-ДПМНЕ, а беше и преседателот на паријата, Христијан Мицкосвки.

Преработаката на песната крена многу прашина, а актерот Сашо Тасев беше толку револтиран што јавно им напиша „Јебо вас Тодор Александров. Колку ве платија, за ваква песна, нели сте рокери“.

 

(Галерија) Цело ВМРО на промоција кај „Некст Тајм“

Scroll to Top