Не постои албанска или македонска смрт и сега е време само да жалиме, Лила реагира на лошите коментари за вчерашната трагедија во Тетово

Пожарот што ја зафати модуларната ковид-болница во Тетово вчеравечер однесе 14 жртви и 21 повреден. Во Македонија е прогласена тридневна жалост, а на социјалните мрежи се споделуваат  сочувства за загинатите во трагедијата, но и сочуства до нивните семесјтва. Многумина ги сменија профилните фотографии на соцјалните мрежи. Ама, за жал, во Македонија е пракса да се коментира за сè, од говор на омраза до негативни критики и тогаш кога треба да жалиме.

И Лила Филиповска, како и многу други, реагира на лошите коментари оти сега не е време за демохристијански објави, туку време за жалење.

Scroll to Top