Голманот на „Вардар“ и на репрезентацијата до 21 година, Игор Алексовски, само неколку часа пред почетокот на натпреварот со „Фенербахче“, ексклузивно ни откри какво е расположението во таборот на црвено-црните.
„Вечерва ќе дадеме сѐ од себе, исто како на секој натпревар досега. Ќе се обидеме да постигнеме гол кој ќе ни значи многу и мислам дека ќе биде пресуден бидејќи, ако го дадеме, тогаш не верувам дека би можеле да примиме четири гола. Атмосферата е одлична, сите сме концентрирани и фокусирани на тоа што нѐ очекува“, додаде Алексовски.