„Некст тајм“ гости на концертот на Лозано

Дуото „Некст тајм“ ќе бидат специјални гости на концертот на Влатко Лозаноски што ќе се одржи на 23 март во ВИП арената „Борис Трајковски“, открија организаторите „Авалон продукција“.

Браќата Стефан и Мартин повеќе од десет години се дел од македонската музичка сцена. На почетокот на кариерата снимаа рок и поп музика, ја претставуваа Македонија на „Евровоизија“, а последниве години направија преработки на традиционални македонски песни „Ја излези Ѓурѓо” и „Слушам кај шумат шумите”, кои имаат милионски прегледи на Јутјуб.

Scroll to Top