„Некст Тајм“ преработија уште една стара македонска песна

Браќата Мартин и Стефан од дуото „Некст тајм“ вечерва ќе одржат промоцијата на новиот спот за песната „Нешто ќе те питам бабо“. Промоцијата на преработката на старата македонска народна песна ќе се одржи во Драмскиот театар (Карпош).

„Со гордост ви го најавуваме нашето ново видео за песната ‘Нешто ќе те питам Бабо’. Промоцијата е закажана за 20 часот. Влезот е слободен, ве очекуваме! Веруваме дека ќе ве направиме повторно горди! Ова не го правиме за нас, ова го правиме за нашата мајка Македонија!“, напишаа браќата на „Фејсбук“.

„Некст тајм“: Не е за нас, за мајка Македонија е!

Scroll to Top