Ненадејно почина 25. годишната ќерка на американскиот музичар Крис Доерти 

Ненадејно починала 25-годишната ќерка на американскиот музичар Крис Доерти и неговата сопруга Дина. Полицијата ја пронашла Хана мртва во нејзиниот дом во Нешвил, пренесува People.
По смртта на Хана, нејзината мајка напиша емотивна порка на Инстаграм.

„Моето првороденче. Те сакам бескрајно, Хана. Нашето семејство сака да ви се заблагодари за сета љубов додека тагуваме за загубата на мојата ќерка Хана”, напишала Дина.
„Ги чекаме резултатите од обдукцијата за да утврдиме како Хана се здобила со повредите што ја предизвикале нејзината смрт. Нашите срца се скршени“, напишала Дина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Deanna Daughtry (@deanna.daughtry)

Крис, кој се прослави како фронтмен на рок групата Daughtry откако бил финалист за петтата сезона на Американскиот идол во 2006. година, ја прекинал турнејата на неговата група.
„Поради неочекуваната смрт на ќерката на Крис и Дин Датри, Хана, сите моментално закажани настани се откажани или одложени“, соопштиле од бендот. Хана имаше две деца,  синот Лиам (7) и 20-месечната ќерка Лили.

Scroll to Top