„Ни Босанка ни Албанка“, Едина Муса си ја кажа националноста

Македонската кошаркара Едина Муса иако лани кошарката ја замени со фитнес, повторно го облече кошаркарскиот дрес на македонската репрезентација.

Таа неодамна објави интересна фотографија со која сакаше да ја разреши дилемата што е по националност, па под сликата на која фановите ја прашаа „Босанка или Албанка“, Едина со црвени букви потенцираше дека таа е Македонка. По оваа нејзина објава доби голема поддршка на својот инстаграм-профил.

Едина, која го носи дресот на македонската репрезентација, не ретко го привлекува вниманието на јавноста. По повредата на коленото, малку одмораше од кошарката, а сега повторно е активна на теренот. Во интервју за „Репортер“ таа раскажа дека кошарката ја сака од дете, благодарение на нејзиниот татко, но и дека занимавањето со фитнес исто така ја исполнува.

Совети од Едина Муса за совршено тело

 

Scroll to Top