Ние сме блуз бенд што се бори против кичот и шундот: Игор Џамбазов со концерт прослави 5 години и 3 месеци без алкохол

Синоќа актерот и шоумен Игор Џамбазов заедно со гитаристот Гуру Харе настапија во скопскиот локал „Кафе бар Мартини“.

Скопската публика имаше можност да ужива и заедно со Џамбазов да ги пеат неговите најголеми хитови, стари и нови. На репертоарот имаше од се по нешто и за помладата и за повозрасната публика.

„Да си жив и здрав“, „Диши длабоко“, „Македоникејшн“, „Сарај Скопје Матка“, преработките на македонските народни песни во блуз верзија „Заветна“ и „Жаклина“, макфестовската „Време за плачење“. Како и песната „Во бестрага“, за која што вели дека е најтажната песна што некогаш ја напишал.

Џамбазов направи журка за паметење среде Скопје. Публиката пееше и се забавуваше од почетокт до крајот на мини концертот. Публиката наздравуваше за него за како што вели тој, 5 години и 3 месеци без алкохол.

Настапот заврши со бис на песната „Дежа ву на подот”, а Игор за крај рече „Ние сме блуз бенд што се бори против кичот и шундот”.

[/video]

 

Scroll to Top