Никола Ристановски е добитник на наградата за најдобар актер во улогата на д-р Стокман во претставата „Народен непријател“ во режија на Нина Николиќ на 7. Интернационален фестивал „ОТЕЛО“ во Гостивар.
Признанието за најдобра претстава беше доделено на „Домот на Бернарда Алба“ на Народно Позориште Лесковац во режија на Андреј Цветановски.
Додека наградата за најдобра актерка и беше доделена на Сузана Грујиќ за остварувањето во претставата „Домот на Бернарда Алба“ на Народно позориште Лесковац. Наградата за најдобар режисер ја понесе Арбен Кумбаро за „Народен непријател“ на Тетовски Театар.
Седмото издание на фестивалот заврши со доделување на наградите и изведбата на претставата „Први и последни“ на Народниот експериментален театар од Тирана.