Нина Бадриќ доаѓа во Скопје, концерт на хрватската пејачка во мај

Хрватската пејачка Нина Бадриќ на 4 мај ќе одржи концерт во клубот „Интермецо“ во Скопје. Ова ќе биде втор солистички концерт на Бардиќ во Скопје, откако првпат имаше концерт пред скопската публика во 2018 година. Тогаш во разговор за „Репортер“ Бадриќ рече дека е неверојатно како и по 25 години кариера, никогаш немала свој солистички концерт во Скопје.

„Конечно, ќе речам: ‘Добар ден Скопје’. Тоа е неправда што ќе ја исправам. Имало договори, ама никогаш не се реализирале до крајот. Сум настапувала и во Штип, во Струмица, неколку пати и тука, ама никогаш сум немала свој концерт. Затоа си ветив дека ќе доаѓам почесто во Македонија“, рече тогаш Нина.

Билетите за настапот на Бадриќ се веќе во продажба, а чинат 1200 денари.

Scroll to Top