„Нокаут“ наместо Тамара на „Пивофест“

Македонскиот бенд „Нокаут“ ќе настапи наместо пејачката Тамара Тодевска на претстојното 17. издание на фестивалот „Пивофест 2019“ што ќе се одржи од 18 до 21 јули во Прилеп.

Оваа промена ја најавија организаторите, откако Тамара ја згреши македонската химна во американската амбасада на прославата на 4 јули и го откажа настапот во Прилеп, но и концертот на Антички театар во Охрид.

Освен „Нокаут“, на фестивалот ќе настапат бројни домашни и регионални музички ѕвезди, а за последната вечер  е најавен концерт на хрватската пејачка Данијела Мартиновиќ, која ќе настапи наместо „Нови фосили“.

Од Влатко до Цеца-се е спремно за “Пиво фест“

 

Scroll to Top