Нора не сака да каже дали ќе го поддржи Бени за градоначалник

Откако рок-музичарот Бени Шаќири се кандидираше за градоначалник на Скопје, редакцијата на „Репортер“ ја контактираше неговата сестра, в.д директорката на Театар Комедија, Нора Шаќири за изјава. Нора не сакаше да одговори дали ќе го поддржи нејзиниот брат за градоначалник на изборите што ќе се одржат во октомври. Нора е назначена за в.д директор на театарот од актуелната власт, а Бени за градоначалник го кандидираа партиите од опозицијата ДОМ и ЛДП преку движењето „Одлучно за промени“.

Бени ја почна музичката кариера како соло-изведувач, а потоа со гитаристот и композитор Дарко Тасев ја формираа групата „Нон стоп“. Тие снимија албум и освоија награди на неколку фестивали во Македонија. Откако Дарко да си замина од групата, Бени продолжи да настапува со бендот под исто име, но со други музичари.

Шаќири е во брак со Лиса, со која има две деца.

 

Scroll to Top