Нов триумф на Иџе во Чешка: освои прво место во две трки од Европскиот шампионат на ридски патеки

Македонскиот автомобилист Игор Иџе Стефановски беше најдобар на трката „Еко Хомо Штернберг“ во Чешка во рамките од Европскиот шампионат на ридски патеки.

Иџе во Прага го освои првото место во првата трка каде постави нов рекорд на патеката во групата „3“.

Со својот автомобил „Хјундаи и30 ТЦР“ беше најдобар со време 3:15.299, пред Италијанецот О`Плеј и Австриецот Дитхард Стернад. Стефановски беше доминантен и во втората трка како првопласиран.

Стефановски се натпреваруваше во конкуренција од 100 натпреварувачи од цела Европа. Претходно тој имаше победи во Франција, Шпанија и Португалија.

Scroll to Top