Нова љубов на естрадата: Павле Камилоски во врска со планинарката Ирина Дишовска

Македонскиот музичар и уметник Павле Камилоски е во љубовна врска со планинарката Ирина Дишовска. Нивната врска ја официјализираа пред извесен период кога Дишовска објави заедничка фотографија.

Ирина е тетовчанка, која  од 15 години е заљубена во планинарењето. Таа во 2020 година го искачи врвот Ама Даблам на Хималаите, кој претставува еден од најголемите предизвици за сите планинари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Irina Dishovska (@irinadisho)

Павле потекнува од познато угостителско семејство, кое веќе 12 години го работи единствениот хотел „Неда“ во Галичник, често сврталиште и на обичните луѓе, но и на многу наши јавни личности или од странство.

Од работа на брод до музика – не било лесно. Победата на талент-шоуто на бродот на кој работел е всушност моментот кога решил да почне да пее.

„На 27 години почнав да си го школувам гласот. Вљубен во медитеранската музика почнав да пеам и такви песни. Тоа ми донесе и интерпретации на песни по кои станав познат, но, конечно, и изведба на мои песни“, раскажува Камилоски. Неодамна ја промовира „Љубовна рапсодија“ и вели дека е задоволен како ѝ се допаднала на публиката.

Scroll to Top