Новиот албум на Влатко Стефановски номиниран за најдобар во Европа

By

Албумот „Тафталиџе шафл“ на Влатко Стефановски е номиниран за најдобар албум во Европа и за наградата „Импала“ заедно со уште 24 албуми. Наградата ќе се доделува единаесетти пат, а номинираните албуми ги избраа членовите на Регионалното здружение на независните дискографи (РУНДА).

Дваесет и петте номинирани албуми се со разни музички стилови, од фински поп до француска електроника, преку балканска музика, дански блуз и еклектичен музички израз на британски изведувачи.

Извршниот директор на „Импалина“, Хелен Смит, рече дека оваа година списокот вклучува 25 врвни албуми.

„Ова е одличен начин да се сврти вниманието кон одлични музичари што доаѓаат од разни делови на Европа. 2020 година беше тешка, но оваа листа на номинирани е ветер во грбот за добар почеток на 2021 година“, вели Смит.

Издавачот на „Тафталиџе шафл“ е хрватската дискографска куќа „Кроација рекордс“. Тие велат дека новиот албум на македонскиот виртуоз сигурно ќе ги израдува сите љубители на добрата музика.

„Влатко, како и многумина досега, го посвети овој албум на своето Скопје и своето маало Тафталиџе, кое има посебно место во неговото срце. Песните се интимни и лични, а сепак толку блиски до сите поради сензибилитетот што го носи неговата музика. Авторството на музиката, текстовите и аранжманите, како и продукцијата на сите девет песни, се на Влатко, снимени во неговото студио ‘Езотерија’“, стои во објавата на „Кроација рекордс“.

Ќе ви се допадне

That Time I Got Reincarnated as a Slime: Tales - Veldora's Journal (Dub) Episode Full at website https://kissanimeonline.com. See more kissanime list

Watch Higurashi: When They Cry – Gou Episode 7 at website https://funimationfree.com funimation one piece dub