Од 21 август почнува 14. издание на „Пиволенд“ во Скопје

На 21, 22 и 23 август во Паркот на франкофонијата ќе се оддржи 14-тото издание на фестивалот „Пиволенд“ кој низ годините веќе традиционално се смета за еден од белезите на Скопје.

Повеќе од 30 брендови на домашни, странски и занаетчиски пива и повеќе од 120 видови ќе бидат достапни за дегустација на манифестацијата.

Музичката програма оваа година пробува да ги задоволи вкусовите на сите, ќе започнува во 18:00 часот и ќе трае до 02:00 часот секој ден.

Во четврток скопјани и посетителите ќе имаат можност да уживаат во музиката на Диџеј Чарли, Деј Офф, Бени и Нон Стоп и Диџеј Галовски.

Во петок на музичката програма го слушаме еден од младите бендови кои секоја година имаат шанса да се претстават пред публиката на „Пиволенд“, потоа следува Вера Јанковиќ, метал бендот со огромен светски потенцијал Мамут, Паркети, Куку Леле и Диџеј Александар Јордановски.

Во сабота фестивалот се отвара со млади бендови, следуваат Контра План, српските легенди на панк-рок СИКС ПАК, Дани Димитровска, Пауза за ракија и Диџеј Димитри од Чаир.

Покрај пивото и музиката оваа година е предвидена и убава македонска храна и деликатеси како и некои од најеминентните стрит фуд производители.

Дојди Види Испиј

Scroll to Top