Од коронавирус почина актерот Љуран Ахмети

Љуран Ахмети (46), меѓународно реномиран актер, ја изгуби борбата со коронавирусот. Љуран беше дел од многу театарски претстави, играни и кратки филмови, а последните години беше дел од најгледаните турски серии. Ахмети со години беше дел од Народниот театар во Скопје.

Од 1998 година тој играше во европскиот филм „Куклена претстава,“ а имаше и главни улоги во сериите Kurtlar Vadisi – Pusu, Mutlu Ol Yeter, Guzel Gunler, Son Yaz Balkanlar, Bahar Dallari, Limonata.

Љуран Ахмети е син на познатиот писател и публицист Џабир Ахмети. Беше татко и сопруг.

 

Scroll to Top