„Од солзите не можев ништо да ѝ кажам на ќерка ми“, доктор Аспазија Софијанова за миговите кога се роди внукот Михаил

By

Директорката на Клиниката за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова, пред една година стана баба, или како вели таа, нанкица, на внукот Михаил. Ова е прво дете од нејзината помала ќерка Анастасија. Постарата ќерка Марија, живее и работи во Лондон, но таа со првиот лет стигна во Скопје кога се породи нејзината сестра. За внукот, доктор Цули, зборува со многу емоции, особено што неодамна беше роденденот и крштевката на Михаил. Докторка Софијанова сподели и фотографии, а со особени чувства во разговорот за „Репортер“ раскажува за миговите кога се раѓаше внукот и за улогата на баба.

Репортер:Внукот Михаил наполни една година, во ист ден беше и крштевката и роденденот. Да не беше корононата, претпоставувам ќе имавте голема забава?

– Да не беше короната сигурно дека ќе направме поголема забава, затоа што да споите крштевка и прв роденден е навистина прекрасно чувство. Знаете како, крштевката е чин во кој како да влегувате во вратите божји, а за мене, моето внуче е божјо дете, особено кога ќе ме погледне со оние сини очи. Но, и кога се роди, морам да кажам дека тој покажа еден посебен карактер. Искрено, за мене посебна радост беше кога заедно со Михаил влеговме во олтарот, па моето возвишено чувство и верба во Бога станаа уште поголеми и уште повозвишени.

Репортер:Носевте интресена комбинација на роденденот и на кршевката. Фустан од тул и ракавици од тантела. Изборот на гардеробата остави голем впечаток? 

– Па искрено да ви кажам, мојата комбинација, која беше поспецифична, ја одбрав јас самата. И вистина е дека јас имам специфичен вкус, но тоа е заради мојата карактерна структура. Но, и стилот со годините кај мене не се губи, туку ете, повеќе ми се нагласува. Мојата ункатност е веројатно надополнета со она внатрешно чувство што го имам. И баш тоа внатрешно чувство тој ден јас го изразив преку облеката, затоа што крштевката на Михаил за мене беше посебен чин. Знаете како, често се случува онака како се чувствувате однатре тоа го изразувате и однадвор. Креацијата беше на Елена Лука, а ја надополнив со ракавиците од тантела кои ми ги донесе од Лондон мојата ќерка Марија.

Репортер:Михаил наполни една година. Како тој влијае на вас?

– Михаил наполни една година и времето летна. Гледам како се развиваше и како сè уште се развива во едно прекрасно момче. Со него секој ден ми е различен. Тој ме прави среќна. Има денови кога сум среќна, но има денови кога не сум расположена, и кога ќе му се јавам, па кога ќе го видам на камера, му велам „нанкица, нанкица“, и верувај, имам чувство дека сака да ја земе камерата и да ме гушне преку неа. Па и таа прегратка преку камерата за мене многу значи. Во неговата личност препознавам некои свои карактерни особини. Неговата насмавка и неговите очи ми дават волја за живот. И тие ми ја вратија вребата за повторно да го живеам животот уште подобро и уште поквалитетно од претходно.

 

 Репортер: И после толку деца и деца кои ви минаа низ рацете како педијатар, какво беше чувството кога првпат го земавте внукот во раце? 

Па да бидам искрена, чувството кога го земав Михаил во раце за мене беше нешто вонземско. Не знам. Едноставно, не можев да претпоставам дека тоа е така. Вие се умножувате со вашите деца, и тоа е едно, ама кога ќе добиете внуче, тоа е нешто сосема друго. Е, тогаш оставате нешто што на некој начин ќе ја продолжи вашата генетската структра.

Кога го гушнав и го земав во рацете Михаил, јас се чувствував сосема поинаку, многу поразлично, од она со кое ги гледам и прегледувам другите дечиња. Особено кога сум ги прегледувала децата кои се во тешка состојба, затоа што мојата професија е таква, знаете не е лесно кога се работи за животот и смртта на новоредните, а тоа е интензивната неонатологија. Е, ова беше нешто сосема поинакво, нешто што ете ни сега јас не можам да го објаснам.

 Репортер: Дали кога се раѓаше Миахил можевте да бидете во тој момент педијатар?

– Искрени да бидеме, јас можеби важам за жена со силен карактер, па и ме викаат челичната лејди, и навистина таква сум, ама, за Михаил не важат тие правила. Кога се роди Михаил, улогата на лекар некако стана второстепена и сосема поразлична од улогата на човек, мајка, жена или нанкица. И коректно е човек да си го признае и да го каже тоа. Кога се раѓаше внукот, јас во тој момент препуштив сè на моите колешки. Јас само му ги бацував рачињата на Михаил, го гледав во очичките и ми беше најважно само тој да биде добро. Јас тогаш бев, мајка, жена, нанкица, и оставив сè на моите колеги.

Репортер: Како се носевте тогаш како мајка и како доктор кон вашта ќерка Анастасија , кој првпат беше во пордолината сала? Што и кажавте? 

– Што можев да ѝ кажам… Таа, беше решена да го роди бебето по природен пат и тоа е сега сè поретко кај нас да се види, едно младо човече кое упорно решило да роди по природен пат. Моето искуство вели поинаку, мајките по првите породилни болки обично се откажуват и сакаат царски рез. Мојата ќерка не го стори тоа. Беше храбра. Ништо не ѝ реков. Многу солзи ми течеа од очите за да можам да говорам. Тоа беа такви емоции, ни таа ни јас ништо не зборуваме. Бевме збунти. Само ја гушкав. Бев среќна, бев среќна и горда што сум изгледала две паметни ќерки, од кои од едната имам и наследство за понатму.

Репортер: Чувството кога го земавте Михаил првпат во прегратка?

Првата прегратка значеше дека се создаде и силна врска меѓу нас двајца. Врска испреплетена со желби кои ги чувствував во тој миг, па си велев, “ете, може моите деца не наследија од мене и мојот татко да бидат лекари, ама може Михаил е тој што ќе нè наследи нас“.

Во тој миг можеби тој и не знае дека го прегрнуваше жена за која тој е толку посебен, и која претставува дел од него. Верувајте дека и сега, кога го зборувам ова, сè уште ја чувствувам неговата прегратка. Знаете како, и кога ќе си одите од овој свет, ете, има неколку моменти кои ќе ги понесете со себе. Еден од тие ќе биде баш тој, таа прва прегратка со мојот Михаил.

Репортер: Кој прв му јави на вашиот татко еминентниот педијатар и лекар, др. Никола Софијанов, дека се родил правнукот Михаил?

– Нему прв му јави мојот зет, Жарко Наумовски, кого многу со сакам и почитувам. Тој и мојата ќерка имаа една исконска љубов меѓу нив, тие се и слични и различни, но едно е најважно, ги спојува нивното срце. Жарко одлично се сложува со мојата фамилија, има голем респект кон моите родители, и ние кон нив. Тој му кажа, јас бев многу емотивна, па веројатно и не можев да зборувам.

Репортер: Како тој се носи со улогата на прадедо?

– Е, чувството на прадедо веќе е нешто посебно. Вие не знаете колку се погодија работите, оти Михаил е роден на 30 ноември, околу Св. Архангел Михаил, па затоа и го носи тоа име. Потоа дојде Св. Никола, тоа е наша куќна слава и на повеќето во нашето семејство, и сè некако беше во знакот на тоа. Искрено, сето ова се случуваше по една комплексна операција на мојот татко, кој сега е добро, па Михаил за него значеше нешто заради кое ќе го надмине и опоравувањето. Тука беа сите, дојде Марија од Лондон, внукот Михаил се роди… сè ова се погоди во еден период за и тој да може да го надмине постоперативниот период.

Репортер: Колку ве промени Михаил?

Мене не можеше никој друг да ме промени и оној детски дух го носам сè уште во себе. Пред некој ден стигнаа пакетичињата на Клиника, за болните деца, па јас се радував повеќе од нив. Сепак, ете, по сè што правам, по сите жртви, Михаил пробуди во мене една друга димензија. Кога имаш потомство од твоето потомство, сè се менува.

Репортер: Обично кога младите ќе добијат дете, влегуваат во судир со повозрасните.  Вие сте педијатар, па има ли судир на ставовите? 

А, не, не. Јас го немам тој однос така, како се вели наредбодавен. Ниту пак сакам да се наметнувам ниту да мислам дека сум јас најпаметна, затоа што сум педијатар. Ма тие се доволно  возрасни да си го средуваат животот и да си воспостават правила. Јас едно време ја играв улогата на мајка, и изгледав две ќерки. Сега мојата ќерка е мајка. Можеби делувам на прва, демек,  наредбодавно, ама верувајте, во приватниот живот сум сосема поинаква. Нивниот живот е само нивни, јас можам само да дојдам да помогнам и да го видам Михаил, да го гушнам, толку. Тие си одлучуваат за сè.

Репортер: Сакате ли внукот да тргне по вашите стапки и на вашиот татако, оти ниту една ќерка не стана докторка?

Сакам да тргне на моја страна, сакам да биде лекар, сакам да нè наследи. Книгите и библиотеките што ги имам дома и кај мојот тако, верувам дека ќе бидат дел од неговиот живот и од неговиот животен стил. Сега чекаме уште еден внук во март, па ќе видиме кој од нив двајца, а можеби и двајцата ќе бидат лекари, но тоа да биде нивната волја.

Најважно е да го сакате тоа што го работите, затоа што се што ви се наметнува е повеќе безволно. Не сакам никој мене да ми наметнива, ниту јас да наметнувам, ниту да се наметнувам, но затоа можеби за внуците би сакала да имам одредено влијание, ете овие книги и што ги има кај мојот татко , убаво би било да бидат дел од нивната желба да сакаат да бидат лекари.

Репортер: На кого личи Михаил?

Со зетот имам одлична релација и многу си го почитувам, си имаме пред се релација на почитување, ама нема да ми се налути, внукот личи на ќерка ми, плавите очи нејзини, ликот… е сега, прчесто носе има повеќе на зетот и во екстремитетите личи на него, веројатно и во конституцијата, ама генерално личи на ќерка ми, нејзините плави очи ги има рефлектирано. Тука можам да речам и дека има нешто на мојата мајка и на дедото по таткова страна, од страната на таткото на Анастасија.

Репортер: Препоставувам ви годи кога ќе ви речат модерна баба?

Аааа, ми годи, јас се чувствувам како нанкица, ние, Власите обично за баба велиме маја и верувам дека понатаму ќе ме вика маја Цулка. Едноставно, се чувствувам исполнета. Не е тоа толку голема гордост што ја чувствувам во себе, колку што е реализација. Јас се чувствувам реализирана сега, Михаил ме реализира. Не сметам дека во професијата не сум реализирана, и во приватниот живот на свој начин, меѓутоа Михаил ме реализира. Михаил го направи мојот живот, Американците викааат worth of continuing living for или вреди да го живеам.

Александра Георгиев 

Ќе ви се допадне

watch anime dub. 4Anime Watch high quality 1080p online anime with English subtitles. You can watch free anime movies and movies online at 4Anime. Just sit back and relax!

4Anime Horimiya (Dub) Episode 4

watch anime online One Piece

english anime The World's Finest Assassin Gets Reincarnated in Another World as an Aristocrat

Naruto

anime online Kuro Gal ni Natta kara Shinyuu to shitemita.