Одложен концертот на Владо Јаневски

Концертот на македонскиот пејач Владо Јаневски ќе биде одложен. Ова го објавија од Авалон продукција.

Драги пријатели. Со жалење ве известуваме дека сме приморани да го одложиме најавениот концерт на Владо Јаневски, којшто требаше да се одржи на 01 јуни на стадионот на АРМ во Скопје. Причина за тоа е здравствената состојба на Владо Јаневски.

Исто така ве информираме дека со сигурност Владо Јаневски и Авалон ќе најдат нов термин во периодот октомври-ноември за одржување на овој концерт што требаше да биде по повод 25 години од соло кариерата на Владо Јаневски, во ВИП арена.

Сите оние кои имаат купено влезници досега, ќе можат да ги вратат веднаш на продажните места каде што ги имаат набавено. Ова го објавија од Авалон продукција на нивниот официјален фејсбук профил.

Scroll to Top