Одложени концертите на Каролина и Жељко заради трагедијата во која загинаа 15 луѓе

Заради вчерашната трагедија, кога во сообраќајна несреќа на патот Скопје- Тетово загинаа 15 луѓе, Каролина и Жељко Самарџиќ ги одложија концертите што требаше да се случуваат викендов.

Заради ден на жалост Каролина го одложи концертот закажан за 15 февруари и тој е презакажан за недела, 17 февруари.

„Поради вчерашната трагедија и прогласените два дена на жалост, првиот од двата овонеделни концерти наместо во петок на 15.02. ќе се одржи во недела 17.02.  Вториот концерт останува во сабота, на 16.02“, велат од „Авалон продукција“.

Концертот во Скопје го одложи и српскиот пејач Жељко Самарџиќ. Наместо во сабота (16 февруари), тој во арената „Борис Трајковски“ ќе настапи на 23 февруари.

Заради проглсениот ден на жалост, Македонската Филхармонија го одложи концертот „Моја љубов“ што требаше да се случи вечерва. Овој концерт ќе се одржи на 18 февруари (понеделник).

Scroll to Top