Одложени сите театарски претстави и манифестации

Заради деновите на жалост, прогласени по трагичната сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, кога во автобус што се преврте загинаа 15 луѓе, одложени се сите театарски претстави и манифестации што требаше да се играат на 14 и 15 февруари.

Театар комедија ја одложи претставата „Вардарски пастуви“. Наместо на 15.02 (петок), претставата ќе се игра на 16 февруари (сабота) во 20 часот. Билетите од 15 ќе важат за изведбата на 16 февруари.

Одложена е и изведбата на мјузиклот „Мама миа“ во МНТ. Следната изведба на мјузиклот е закажана на 11 март во 20 часот, а билетите кои публиката ги купи за изведбата на 14 февруари, ќе важат и за 11 март.

Театарските претстави „Партија Реми“ и „Крал Иби“ во Драмски театар се исто така откажани. Купените билети за овие претстави може да се заменат за која било друга претстава на репертоарот на Драмски театар, велат оттаму.

И Народниот театар од Битола ја одложи изведбата на претставата „Коцкар“ за сабота, од 20 часот.

Scroll to Top