Официјално музичко видео за „Правда“, резултат на соработката меѓу Суперхикс и 21Век

Излезе официјалното музичко видео за синглот „Правда“, резултат на соработката меѓу Суперхикс и 21Век.

Синглот „Правда“ е дел од последниот албум на Суперхикс, „Сила и Нервоза“.

Песната е создадена со заеднички напори на двата бенда, со текст од Борис Минов, додека музиката и аранжманот се дело на Суперхикс и 21Век.
Продукцијата е реализирана во студиото „ТРА ЛА ЛА“ во Скопје, под водство на искусниот продуцент Мите Димовски.

Видеото за „Правда” е режирано од Милан Блажевски, со Огнен Ацевски како директор на фотографија. Марко Најдановски придонесе како асистент на камера, додека Виктор Атовски беше задолжен за дрон операциите. Костимографијата, сценографијата и организацијата беа под раководство на Борис Минов. Во главната улога на Правдамен се појавува Александар Георгиев, додека останатите улоги ги толкуваат членовите на Суперхикс и 21Век.

Scroll to Top