Огнен и Мартинијан во полуфинале во „Ѕвездите на Гранд“

Македонските пејачи Огнен Здравковски и Мартинијан Кириловски се пофалија на „Фејсбук“ дека обезбедиле пласман во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Двајцата со своите одлични настапи ги освоија симпатиите кај жирито на Саша Поповиќ. Пејачите им се заблагодарија на публиката за големата поддршка и нивните ментори, пејачките Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша.

„Директно во полуфинале. Не ми се верува дека дојдов пред крајот. Фала ви на сите за поддршката што ми ја давате и уште еднаш ќе кажам и ќе се заблагодарам на мојата менторка Шерифовиќ. Да не беше Марија немаше да дојдам до овде. Фала Марија, те сакам!“, напиша Огнен на „Фејсбук“.

Покрај Здравковски, пласман во полуфиналето обезбеди и Мартинијан Кириловски, кој јавно ѝ се заблагодари на Јелена Карлеуша, неговата менторка, и тимот за кој вели дека биле со него до самиот крај.

„Одиме во полуфинале. Многу фала на мојата најдобра менторка Јелена Карлеуша, како и на мојот тим Мира Шкориќ и Ивана Петерс“.

 

 

Scroll to Top