Огнен Здравковски дипломираше за соло пејач. Внукот на познатиот виолинист Зоран Џорлев објави фотографии со родителите и фамилијата за кои рече дека му се најголемата поддршка.
„После 5 години пауза од денес конечно дипломиран соло пејач. Мојата најголема поддршка и љубов, мајка и татко“, рече Огнен.
За потсетување, Огнен е внук на покојниот виолинист Зоран Џорлев, а покрај него со музика во семејството се занимава и сестра му, Оле која со години свири на виолина во Македонската филхармонија.