Охридско лето заврши со тепачка меѓу Бакрачевски и Коцев

By

Како главни протагонисти на настанот, што се случил синоќа во поранешната охридска касарна, се охридскиот градоначалник Никола Бакрачески, неговиот шофер и актерот Сашко Коцев.

dobivaj vesti na viber

По завршувањето на преставата ,,Ничија земја’’ се случил  скандал. Актерот Сашко Коцев, во разговор со свои пријатели се пожалил на немилите сцени, по што  градоначалникот Бакрачески, кој со својот шофер седел во близина на кругот на актерот, веднаш му се задал во вербален напад. Со разни пцости, со навреди дека е наркоман и слично, тој ги шокирал присутните.

Според кажувањата, одкако заршила претставата на МНТ, со која што се затвори „Охридско лето“, Коцев во кругот на пријатели рекол дека претставата непотребно доцнела 20 минути поради доцнењето на охридскиот градоначалник. Кога тој пристигнал претставата почнала. Актерот, исто така, коментирал и дека столовите се несоодветно поставени така што публиката не можела нормално да ја следи драмата.

Тоа го слушнал градоначалникот  Бакарачевски и наводно му рекол на актерот :„Што сакаш бе ти наркоман еден!”.

На тоа реагирал Коцев, кој му рекол на охридскиот градоначалникот:„Што ти е бе  сељак ниеден!”.По таа вербална расправија дошло и до близок контакт меѓу двајцата. Реагирало обезбедуваљњето на градоначалникот.

Ќе ви се допадне