Оливера Наковска – Бикова освои златен медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин и титулата светски шампион во дисциплината „П4 – пиштол слободен избор“ кое се одржа во Обединетите Арапски Емирати.
Бикова во финалето по првите пет истрели се најде на второто место, а по завршување на втората серија од пет истрели ја презеде лидерската позиција и дојде до ново злато, соопштија од Македонскиот Параолимписки Комитет.
Претходно, во квалификациите за финалето Наковска – Бикова испука одличен резултат од 538 кругови, најдобар во нејзината кариера, со што го освои второто место и си обезбеди пласман во финале.
Оливера Наковска Бикова на Светското првенство беше предводена од нејзиниот тренер Бранимир Јовановски и асистентот Драган Дојчиноски.