Орце Димитриевски македонската публика го запозна како фронтмен во групата „Арија“, која некаде кон крајот на 90-тите беше една од најпопуларните музички групи во Македонија. Бендот имаше настапи речиси секаде, повеќето песни станаа хитови, а Орце во тоа време се ожени со Лила. За свадбата на големо се пишуваше, тие беа неколку години во брак, а по разделбата секој си замина на своја страна
Лила постојано е активна и на социјалните мрежи и во квизот „Сè или нешто“, а Орце пак замина за Холандија и токму во екот на популарностa тој се откажа од својата кариера. Тој денес живее и работи како ИТ инженер во Холандија и нема никаква поврзаност со музиката. Во брак е со Билјана и имаат две ќерки. Сопругата е магистер по економски, а според кажувањата на нивни блиски ја избрале Холандија како земја во која можат брзо да напредуваат.
Неодамна тие беа во Македонија заради крштевката на нивната втора ќерка Каја. Орце веќе не е дел од јавниот живот, на социјалните мрежи често споделуваат фотографии со сопругата, за тоа како живеат во Холандија.