Американските власти истражуваат здравствена измама тешка половина милијарди долари.
Министерството за правосудство на САД истражува здравствена измама вредна половина милијарда долари, за која властите веруваат дека е поврзана со кремите за олеснување на болки и други тип на болести.
Ова е најголемата штета која ѝ е нанесена на програмата за здравствено осигурување за ветераните, пишува „The Wall Street Journal“. Продажбата на ваквите таканаречени мешавини, нагло се зголемила до неодамна, благодадение на исклучително силниот маркетинг. Во рекламата за крема се поајвила и некогашната ѕвезда на NFL, Брет Фавр, формирајќи целна потрошувачка група од старци, спортисти и останати лица.
Истражителите испитуваат некои од наводите за производите дека имаат минимално или никаква медицинска вредност, и дека некои фармацевти имаат дистрибуирано многу повеќе креми, отколку што биле првично нарачани. Притоа наплатувајќи преголема сума на пари, а често автоматски им подметнувале на пациентите и рецепти без проверка, тврдат луѓето запознати со случајот.
Некои компании наплаќале повеќе од 10.000 долари по една туба или рецепт за крема.
„Tricare“ е програма на здравствено осигурување наменета за воените ветерани и воениот персонал на САД, како и нивните семејства, а се верува дека токму таквата програма била подложна на голема измама. Освен ветеранската програма, пари земаат и „Medicare“, „Medicaid“ и некои приватни осигурувања. Илегално е да се наплаќа владина програма на осигурување на медицински услуги кои никогаш не се давани, не се потребни или кои не се нарачани. Истрагата е сеуште во почетна фаза и сеуште не се подигнати никакви обвинувања против никого.
Спортистите вмешани во измамата
Споменатите креми се роба која најчесто се продавала преку телефон или интернет. Била наменета за помош за повредени спортисти, за да брзо и безбедно се опорават, односно им се ублажи болката и грчевите. Освен тоа рекламирани се и како помош при олеснување на болки кој се јавуваат кај постарата популација. Една од компаниите која се најде под истрага на ФБИ, е „World Health Industries“ од Џексон во Мисисипи.
Нивната крема „Rx Pro“, ја рекламирал некогашниот спортист Брет Фавр, а компанијата произведува уште неколку слични вакви креми.
Неговиот агент Џејмс Кук не дал никакви изјави на новинарските прашања. ФБИ ја испитува и компанијата „3B Medical Group LLC“, која во 2013 година ја отворил споменатиот спортист и неговиот агент. Истражителите испитуваат дали компанијата работела на маркетинг и промоција за фармацевтите, кои произведувале специјални креми за олеснување на болките. Властите ги испитале и браќата Чед и Барон Барета, основачите на некои од компаниите кои се под истрага. Фудбалерот Чед Барет не бил достапен за изјава, а неговиот брат Барон во 2015 година починал од рак
Кога новинарот на „Wall Street Journal“ ја контактирал и нивната компанија „Opus“, се јавила вдовицата Синди Барет. Таа одговорила преку мејл.
„Што се однесува до вмешаноста на мојот покоен сопруг Барон Барет, според информациите кои ги добив од вас, тоа е невистина. Можете да се засрамите… Мојот сопруг умре со мирна совест“, изјавила Синди.
Претреси и рација
Во вторникот на 2 февруари, Опус заедно со уште шест други поврзани компании кои се под истрага, побарале од федералниот суд, заштита во случај на банкрот. Адвокатите на тие компании не одговарале на повиците.
Државниот адвокат од Јужниот дистрикт на Мисисипи, ФБИ, како и Даночната управа на ИРС, Поштенската инспекција, Одделот за сузбивање на наркотиците и „Одбрамбениот Криминалниот Истражен Сервис“ спровеле низа на рации во многу фармацевски компании, и околу Мисисипи, како и во други сојузни држави.
Во рациите и пребарувањата на властите запленети се имоти во вредност од 15 милиони долари, меѓу кои се најдоа и 24 возила, пет авиони, два брода и пари распоредени на 80 банковни сметки.
Истражителите откриле многу примери од поединечни сметки од само еден купец на крема против болки, да пораснат за неколку десетици и стотици долари. Ветеранската програма „Tricare“, била оштетена за 1,75 милијарди долари, поради наводната нелегална дистрибуција на ваквите мешани лекови, меѓу кои се и кремите за олеснување на болки, само до септември 2015 година. Цената е за 18 пати поголема отколку од пред три години.
Лабава законска регулатива
Повеќето сметки се лажни, сметаат истражителите. „Tricare“ покрена низа на внатрешни контроли за да се реши случајот со лажното наплатување. Ваквите производи односно креми се создаваат со мешање на одредени фармацевските состојки, и се продаваат само на рецепт, се со цел да се овозможи специјализиран медицински производ, често наменет за луѓето кои не можат да пијат таблети. На овој пазар, ваквата состојба не е строго регулирана, како што тоа е случај со традиционалните лекови.
Кремите против болка често немаат дозвола од Агенцијата за храна и лекови, затоа што се медикаментите кои се наоѓаат во комбинираните производи, во многу мали количини, не се доволни за спроведување на тестови.
Според федералниот закон, прозиводителите на ваквите производи не мораат да ја докажуваат ефикасноста, или безбедноста на нивните производи. Фармацијата е посебна иднустриска гранка, која се регулира со државни закони и тие не варираат по степенот на безбедност.