„Отворите ги срцата, сега треба да ми помогнете“- Кристина Арнаудова бара поддршка од компаниите за Проект Куќа

Кристина Арнаудова го најави својот нов ангажман -Проект Куќа со Кристина. Вели тоа е  ангажман, предизвик и мисија, особено сега, во оваа година, која за сите нас и за целиот свет, бизнис-секторот и обичниот народ е најтешка. Таа праќа апел до сите компании и вели : не воздржувајте се да бидете мал дел од оваа приказна. Така се гради големата слика.  Сега е моментот да ги отворите срцата, за да помогнеме, вели Арнаудова. За тоа дали сега е вистинското време да се почне ваков проект, поранешната пјачка вели:

„Решив да го започнам овој предизвик. Зошто сега? Затоа што не постои совршено време, и никогаш нема да постои. Совршено време е сега и веднаш. Совршени услови за работа не постојат. Сами ги создаваме. Некогаш потешко, некогаш полесно.  Немам поим дали ќе успеам. Некогаш верувам, а некогаш се чувствувам како Сизиф и каменот.

 

Ако ваква емисија е тешка за работа во цел свет, овде, каде филантопијата и општествената одговорност на компаниите е на најниско ниво, е 100 пати потешка. Затоа во овој предизвик ќе ми требате сите, сите вие. 36 домови во една година е бројката. Големите работи се создадени од многу мали, навидум незначајни акции. Затоа не воздржувајте се да бидете мал дел од оваа приказна. Така се гради големата слика. Апел до сите компании. Сега е моментот да ги отворите срцата, вели Арнаудова.

Scroll to Top