Поранешната водителката и новинар Нора Шаќири неодамна стана мајка. Таа се породи со синот Ијан, и ова е прво дете на Нора и нејзиниот сопруг Марко Марковиќ. Во разговор за „Репоретр“, Нора ни раскажа како е во првите денови од мајчинството. Од тоа како се снаоѓа со Ијан, со тоа дека речиси никој не може да го види, заради ситуацијата со коронавирусот.
„Се породив во болницата во Чаир, со царски рез, и од таму носам само добри искуства и поклон до земја на сите што работат таму„, вели Нора и додава “ Да бидам искрена , добро се снаоѓам. Ама, јас уште од почеток се снајдов сама. Всушност, јас и Марко, правиме се сами околу бебето. И одлично ни оди. Иако, морам да признаам дека имам помош и од мајка ми и од мајката на Марко, па тие две се логистика околу Ијан“.
За името на бебето, да се вика Ијан, вели било желба на Марко. „Но, и мене ми се допадна името, па решивме така да се вика“.
Нора се пожали дека заради ситуацијата, нејзиниот брат Бени, не може да го види бебето. „Ситуацијава е таква , и само на чат на Вајбер сме. Бени е многу внимателен и не сака било каква отстапка. Го нема видано Ијан, ама чекаме се ова да помине за да да може да се собереме сите, раскажува Нора за “Репортер“.
Таа ни раскажа и како ги минала Велигденските празници. „ Овој Велигден бевме само ние тројца-јас , Ијан и Марко. Ова беше најубавит Велгиден, прв со бебе. Ние тројца си поминавме најубаво, со свечен ручек велигденски, многу љубов, сонце, музика и радост“, вели Нора.
Ијан е прво дете на некогашната водителка и на нејзиниот сопруг Марко Марковиќ. Изминатите месеци Нора постојано објавуваше фотографии од бременоста, а пред породувањето неколкупати напиша дека едвај чека да стане мајка .По поридувањето , Нора и фотографија од бебето, а пред некој ден на социјалните мережи напиша пак објави и неколку слики од родните, како вели , тетки и чичковси, кои правеле мекици за Ијан у Келн, Лондон и Малта.
А.Георгиев