Пајак и Теодора Џехверовиќ заедно на Кипар, снимаат спот за новата песна

Македонскиот трап изведувач Христијан Настески, познат како Пајак сними дует со познатата српска пејачка Теодора Џехверовиќ. Двајцата престојуваат на Кипар каде што снимаат и спот за песната.

Теодора објави на Инстаграм неколку секунди од снимањето на спотот, а во разговор со фановите напиша: Песната со Пајак е втора песна која ја слушав повеќе од 500 пати.

Пејачката исто така најави и дека дуетот со Пајак ќе излезе набрзо.

„Нова песна ќе имам за многу брзо, а албумот почна полека да се подготвува и се надевам дека до следната година ова време ќе излезе“, напиша Теодора.

Пајак имаше голем успех со песната „Бела“ во дует со Лара Иванова, која го освои регионот и за која се снимаа видеа додека ја пеат. Освен со Лара тој сними дует и со Антониа Гиговска, како и со српскиот изведувач Ем Си Стојан.


Scroll to Top