Панче Касапски ја промовира девојка си во новиот спот

Поп-пејачот Панче Касапски деновиве ја промовира новата песна „Намини ноќва“. Песната со брз диско ритам, џез и фанк призвук ја напиша самиот Касапски, а текстот го направи Маја Оџаклиевска. Аранжер и продуцент е Иле Спасев.

За песната Панче сними и спот, а во главната улога е неговата девојка Марија Јовева. Режисер на видеото е Кристијан Шемко.

Scroll to Top