Панчо од дуото ДНК, вчера на социјалните мрежи јавно побара да се легализира марихуаната. Тој вели дека не му се допаѓа идејата да се смени законот против пушењето на локалите и јавните места во земјава.
„Да се смени законот против пушењето по јавни места и локали е страшно лоша идеја според мене. Тогаш не гледам причина зошто да не се легализира и марихуанта која е 100 пати поздрава и корисна од тутунот“, вели ар-ен-би пајачот.