Градоначалникот на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати честитка по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, кој со посебна почит и традиција се одбележува во Лесново.
Во рамки на празничните активности, Тоневски присуствуваше на традиционалната средба на пензионерите, организирана од Здружението на пензионери од Пробиштип, на која учествуваа и здруженија на пензионери од повеќе градови.
Тој изрази благодарност за поканата и истакна дека ваквите средби придонесуваат за дружење, поврзување и создавање нови пријателства меѓу пензионерите.
„Нека е честит и благословен денешниот празник Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица, празник кој со посебна почит и традиција се одбележува во нашето Лесново“, порача Тоневски.
Тој упати и честитка до сите верници со желба празникот да биде исполнет со здравје, мир и благосостојба.






