Владимир Блажев или Панчо од ДНК, е доста активен на социјалните мрежи и скоро секогаш кажува јавно што мисли. Овојпат тоа е неговиот статус за бројката од 641 заболени во земјава која беше завчера:
„Денес имаме рекордна бројка на заболени 641. Не сакам да се правам паметен но мора да кажам и факти кои велат дека кафичите и угостителските објекти дефинитивно не биле жариштата на вирусот. Еве скоро 3та недела од забраната за настапи на диџеи и музички гурпи, а бројките се 3 до 4 пати поголеми од тогашните пред да се воведе забраната( ако се земе во предвид дека инкубација трае од 7-10дена )
Како и да е сакам да потенцирам дека веќе надлежните го имаат изгубено кредибилитетот и довербата кај граѓаните и убеден сум дека не постои политички функционер од било која партија на кои граѓаните му веруваат или би му верувале.
Тоа е најголемиот пораз за нив но и за нас како граѓаните на земјава.
Луѓето живеат во сиромаштија, страв, неизвесност, беззаконие владее од кога памтам за себе. Ако не го знаеш и не му се јавиш на некој си Петко или Станко не можеш да завршиш ни една обична шалтерска работа зошто вработениот е потрчко кои Петко и Станко го штитат па уште ти се курчи и си зима за право да ти се заканува додека не е во право.
Се што гледаме што се случува кај нас во банана државичево влијае страшно деструктивно и психолошки поготово кај младите па не за џабе и се иселуваат од тука, а јас силно ги поддржувам во тоа и молам да си идат што побрзо и подалеку од оваа вукојебина во која одамна владее мотото : На прво место си се политичарите и нивниот задник, па нивните фамилии и најблиски па на крај граѓаните ако останат трошки ако не нека глодаат коски што они ги фрлаат или остатоци од апетисани и диви мечки со кои традиционачно се хранат пратенициве.
Не кривам никој бидејќи сите си ја префрлаат топката 30тина години, а никогаш никој не ни превземал одговорност ниту кривица. Нејсе поентата ми беше дека спасот е исклучиво подалеку од оваа болна средина. Да не се сфатиме погрешно, не кукам за пари и не ми е тоа поентата. Знам да опстанам и со и без нив и воедно ги жалам оние кои не биле во состојба да тргаат на страна и се молам на бога да го издржат ова сценарио кое допрва ни следи.
Пазете се колку можете и верувајте исклучиво на својот природен инстинкт за преживувње, тоа може да ви е и единствениот спас за жал.“