Еден од хероите на славната тројна титула на Интер, Горан Пандев зборуваше за „Спортвик“ за своите сеќавања од таа сезона со тогашниот европски шампион.
Напаѓачот на Џенова беше прашан дали е поносталгичен за деновите кога играше за Лацио или за Интер и одговорот не изненади.
„Во Интер освоив повеќе работи, но Лацио ми помогна да пораснам како фудбалер и да се покажам во важните натпревари.
Во ЛШ дебитирав со Лацио. 2009 беше тешка година и во јануари заминав за Интер, каде што освоивме сѐ – лигата, купот и Лигата на шампионите“, вели Пандев.