Пандев повеќе нема да игра како напаѓач во Џенова

Македонскиот фудбалски капитен Горан Пандев вели дека повеќе нема да игра на местото напаѓач во тимот на Џенова и дека сега ќе го гледаме во новата улога во среден ред како плејмекер.

Струмичанецот вели дека за промената на позицијата на теренот бил известен од новиот тренер на клубот Андреацоли, кој отворено му кажал дека во новата сезона, го гледал како идеален плејмекер во тимот на Џенова.

„Јас сум еден од повозрасните, но дојдоа млади и храбри засилувања, кои ќе го направат нашиот тим подобар од лани. Ми се допаѓа што тренерот Андреацоли сака што повеќе да имаме посед над топката, не само да ја шутираме напред. Секако дека секој тренер си носи и свои тактички замисли, но она што го видов во првите денови ми се допаѓа. Разговарав со Андреацоли, кој отворено ми кажа дека ме гледа како плејмејкер во средниот ред. Малку е чудно, позицијата е поповлечена, а јас речиси цела кариера играм во нападот или како полушпиц, но тренинзите и контролните натпревари ќе ми помогнат да се адаптирам во оваа улога. Не е лесно да се направи ваква промена на 36 години, но ќе сторам се за да му помогнам на тимот“, вели Пандев за Екипа.мк.

Scroll to Top