Пандев продаде 90 проценти од акциите на Академијата за 600.000 евра

Македонскиот прволигаш Академија Пандев од вчера официјално е во мнозинска сопственост на „Брера Холдинг“.  На Македонската берза поминал блок трансакција со акциите на фудбалскиот клуб Академија Пандев од Струмица, информира „Фактор“.

Биле продадени 2.250 акции на Академија Пандев, по цена од 16.480 денари по акција. Вкупниот износ бил над 37 милиони денари или 603.000 евра.

Пред неколку месеци излезе информацијата дека „Брера Холдинг“ ќе купи 70 проценти од акциите на клубот, но вчера биле продадени 90% од акциите.

Scroll to Top