Параолимпиец бара парче од црн дроб за да преживее

На 37-годишниот Дарко Арсов итно му е потребна трансплантација на црн дроб. Дарко е добитник на златен медал на Летните олимписки игри на Специјалната олимпијада во Полска во 2010 година, во категоријата атлетика, дисциплина 50 метри. Тој учествуваше и на Специјалната олимпијада во Грција во 2011 година. Во Атина Дарко освои златен медал во дисциплината 25 метри пливање.

 

Поради болеста Дарко веќе не може се занимава со спортот и музиката. Тој самиот преку својот фејсбук-профил испрати апел до сите што сакаат да му помогнат.

Сите што сакаат или можат да му помогнат, може да го побараат на телефонот 078 205 975.

Scroll to Top