Парфемот на Фата го опи судот

Парфемот на Фатиме Фетаи денеска во старата зграда од кривичниот суд беше главна тема на муабет откако обвинителката помина покрај присутните во чекалницата. Денеска му се судеше на Сашо Мијалков за предметот „Титаник 2“.

Пред да влезе во судницата, раскажуваат за „Репортер“, обвинителката зборувала на телефон во близина на присутните, па речиси немало кој не искоментирал дека Фатиме мириса „диво и женствено“. Облечена во елегантен костум во смирени тонови, обвинителката и овој пат не потфрли со стилот.

„Поради Фатиме, судот во старата зграда замириса на убаво. И мажи и жени, сите присутни, коментираа дека Фетаи опи со парфемот, кој, според мирисната нота, го отсликува карактерот на обвинителката. Додека присутните седеа во чекалницата, Фетаи наоколу се шеташе и разговараше на мобилен. А кога замина, речиси сите коментираа ‘Ама добар, парфемов’“, раскажа еден под присутните во кривичниот суд за „Репортер“.

(Фото) Шлаканиците во Центар Фатиме ги освежи со лимон-костумче

Scroll to Top