Парите од албумите кои ги носеа лично на врата ДНК ги донираа за Тино и Тео кои останаа без татко

Кога пред неполн месец Панчо и Андреј од ДНК, почнаа своите албуми да ги продаваат и да ги носат на врата, лично, не највија дека ова е хуманитарна акција.

Денес, објавија дека парите кои ги собрле од 200 продадени албуми, се наментети за една  самохрана мајка со два сина, Тино и Тео, кои го изгубија својот татко како последица од короната.

“Драги наши, пред точно 23 дена преку продажба на нашите ДНК дела ( CD и DvD ) ја започнавме кампањата за поддршка и подигнување на свеста за Македонската музика во време на пандемија каде ние заедно со останатите колеги музичари сме дефинитивно најпогодени од самиот старт на кризата. Иако како ДНК немаме приходи, оваа акција решивме делумно да биде од хуманитарен карактер и поголемиот дел од средствата ги донираме на фамилии на кои тоа навистина им е потребно. На почетокот, тоа не сакавем да го објавиме, туку сакавме да видиме дали и во колкав број би не поддржале чисто заради нас и нашата музика.  Денес со гордост ќе ви кажеме дека сите вие кои не поддржавте со купување на нашите ДНК изданија ( преку 200 ) всушност сте дел од оваа приказна и финансиска помош што ја дадовме на  Далиборка Кузманова која за жал остана самохрана мајка на прекрасните Тино и Тео , кои го изгубија својот татко како последица од корона вирусот“, велат ДНК.

И додаваат : На сите вас 200 и повеќе  луѓе ви се поклонуваме до земја и убедени сме дека тука нема да застанеме, ја знаете процедурата за нарачки / поддршка и заедно продолжуваме понатаму. Да ве потсетиме за оние кои не се запознаени како се прават нарачките:
Изданијата можете да ги купите и нарачате исклучиво онлајн на нашата ФБ фан страна ДНК и на нашите приватни ФБ и инстаграм профили. Доставата ќе биде биде бесплатна низ цела Македонија, а во Скопје ќе бидат доставени лично од нас .

Scroll to Top