Светскиот ден на храната во 2020 година и глобален повик да им се заблагодариме земјоделците и работниците низ целиот синџир на снабдување со храна, и токму ова го инспирираше 14.одишниот Павел Милановски од Куманово да направи победнички постер кој им оддава чест на земјоделците како херои на храната #FoodHeroes.
Павел ја освои првата награда во категоријата од 13-15 години на глобалниот натпревар на ФАО за постер по повод Светскиот ден на храната во 2020 година, во силна конкуренција на деца и млади ширум светот. Како млад уметник, Павел има освоено многу други национални и меѓународни уметнички натпревари на теми поврзани со руралниот живот, одржливото живеење и грижата за животната средина.
На прашањето што го инспирираше да го креира победничкиот постер, Павел изјави дека имал голема желба да даде поддршка на ФАО во подигнување на јавната свест околу Светскиот ден на храната и важната улога на хероите на храната, како и за важноста на креирањето поодржливи системи за храна и едноставните активности што секој од нас може да ги преземе за да растеме, да се исхраниме и да се одржиме заедно.
Кога Павел бил мал, неговите родители често го носеле во блиско село за набавка на свежи производи произведени од локален земјоделец. Тој бил поучуван дека со избирање на локално произведена храна, можеме да им помогнеме на малите земјоделци кои ја произведуваат нашата храна, на нивната локална економија, но и на животната средина.