Македонскиот музичар и уметник Павле Камилоски се најде на престижното списание GQ. На истото списание на насловната страница е и холивудскиот актер Николас Кејџ. Идејата Камилоски да биде на страниците на машкиот магазин е заради соработката модниот бренд „Сињори“, со кој тој соработува откако почна да пее. Списанието GQ излегува од 1931 година и досега на насловна страница биле фотографии на речиси сите познати светски имиња.
View this post on Instagram
Павле Камилоски веќе неколку години е дел од македонската мзуичка сцена. Пред да почне да пее и да го школува гласот работел на брод, а по победата на талент-шоуто на бродот на 27 години почна да се занимава со музика. Зад него се повеќе музчики проекти, од „Мала Италија патува“, настапи, песни, концерти.