Павле Николовски се расоблече и го освои регионот

Еден од најуспешни македонски машки модели, Павле Николовски, гради успешна кариера во соседството. Отако минатата година беше заштитно лице на српскиот бренд „Барбоса“, сега босанската дизајнерка Емина Хусеџиновиќ го ангажираше за заштино лице во нејзината нова колекција. Овој ангажман му донесе и фотосесија во магазините „Грација“ и „Хелоу“.

„Покрај неговата професионалност, Николовски успеа да го освои Балканот со карактеристичната руса коса и неверојатните пропорции. Во моментов работи на уште еден голем проект во новата сезона, а деталите ќе ги откриеме наскоро“, велат од неговата матична агенција „Моделс ин“ од Скопје.

Scroll to Top