Павле Витанов од Струмица победи во музичкото шоу „Никогаш не е доцна“. Со најмноу освоени гласови 44,604 или 34,5% гласови од публиката преку „Фејсбук“, Витанов ја освои статуетката, која му ја даде Снежана Џуришиќ.
„За време на пандемијата свирев и пеев преку „Фејсбук“ и добив одличен одзив и голем број фанови. Се исплатеше. Многу сум возбуден и сакам да им честитам на финалистите за одличната борба“, рече Витанов по победата кој преку бодувањето со смс пораки беше третти со 7701 гласа.
Најмногу бодови преку смс пораки доби Сабина Калтак, а жирито од деветнаесет пејачи и музичари, по поединечното гласање, за победник го прогласија Петар Спасоевиќ.