Пејачката Андријана Јаневска стана доктор на науки

Пејачката Андријана Јаневска стана доктор на науки. Таа успешно ја одбрани докторска дисертација на тема „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, Голо Брдо и Гора“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Институт за фолклор „Марко Цепенков“.

Убавата вест, пејачката ја сподели на социјалните мрежи.

„Моите истражувања покажаа дека Македонците од овие региони никогаш не ги напуштило чувството за песната, јазикот, припадноста и идентитетот! Македонскиот народ кој живее во овие три региони, токму преку традиционалните македонски песни во разни варијанти е поврзан како еден единствен народ“, напиша Јаневска.

Scroll to Top